Четири свеќи светеле во една просторија и ја осветлувале. Било толку тивко што се слушало како разговараат. Првата рекла : "Јас сум мир, никој не може и не сака да ме сочува." Потоа светлоста почнала да се намалува и згаснала. Втората рекла: "Јас сум вера, на никој не сум му потрбна, никој не ја користи мојата светлина, зошто напразно да светам."и и таа ја намалила својата светлила и за миг за неколку секунди згаснала. Третата рекла: "Јас сум љубов. Се помалку ја користат мојата светлина, дури и во најтесните кругови на семејствата. Никој не се сака. Ќе згаснам" и во следниот миг веднаш згаснала.
Во собата светлината се намалила, но сепак не било сосема темно зашто сеуште светело уште една свеќичка. Тогаш влегло едно дете. Кога ги видело згаснатите свеќи почнало да плаче, рекло: "Зошто сте згаснале, зошто?" Четвртата свеќа се јавила и го утешила детето: "Немој да плачеш. Додека јас светам не е се загубено, зашто јас сум надеж. Запали ги и другите светилки од мене." Детето ја зело надешта и ги запалило и МИРОТ И ВЕРАТА И ЉУБОВТА. Просторијата се наполнила со светлина.
Да не дозволиме да згасне пламенот на надешта во нашите срца, зашто ако и тој згасне губиме се!!!







0 comments to ЧЕТИРИ СВЕЌИ