Веб сајт креатор
.
Некој мисионер кога дошол во Африка, со себе понел многу подароци. Сакал да го израдува поглаварот, па го поканил да си избере нешто. Од сите работи избрал едно огледало. Целиот среќен се скрил зад едно дрво и прв пат се видел себеси во огледалото. Кога си го видел своето лице, се разбеснил и го скршил огледалото.
Зошто постапил така? Се исплашил од себеси, кога за прв пат се видел во огледалото, затоа што бил неуреден и грд. Дали откако го скршил огледалото станал поуреден и поубав? He.
Еве зошто е напишана Библијата. Таа е огледало на душата. Човекот може да се види во огледало и да се дотера, па дури може и да му се налути! Преку Библијата, Бог сака ние да се дотераме и уредиме. Нашиот внатрешен човек ќе остане грд, ако не ги читаме и не ги пазиме зборовите од таа Книга.
Како е со тебе? Дали сакаш да се видиш себеси во тоа огледало и да се корегираш, или пак го игнорираш? Многу Библии се покриени со прав. Ако и твојата е таква, веднаш извади ја од полицата и огледај се во неа.
„Сите ние во своите раце земаме разни книги за да дознаеме што размислувале со своите срца нивните писатели. Меѓутоа, оваа книга, Библијата, ја земаме за да дознаеме што се случува во нашите срца.
Луѓето ја критикуваат Библијата, но таа е напишана за да не критикува нас. Еве и доказ за тоа: „ Зашто Зборот Божји е жив и дејствува и е поостар од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. И нема создание сокриено за Него туку се е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме" (Евр.12-13).
„Тој Збор не е како што е зборот на човекот, туку како живо суштество, бидејќи сам Бог делува низ него".
Иако овој Збор е спореден со меч со две острици, сепак намерата не му е да уништи, туку да поправи. Меѓутоа, Бог не дозволува да биде надитрен. Секој кој не го прима Неговиот Збор како лек кој лечи рани, истиот тој Збор ќе го суди. Исус Христос вели: „Ако некој ги чуе зборовите Мои и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светов, туку светот да го спасам. Којшто се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има кој даго суди: Зборот што го кажав, тој ќе го осуди во последниот ден. Зашто Јас сам од себе не зборувам, туку. Таткото, кој ме прати, Тој ми даде заповед што да кажам и што да зборувам " (Јов. 12:47-49).
„Зарем не е Мојот збор како оган, вели Господ, и не е ли како чекан што крши карпа? "(Ерем. 23:29).
Божјиот Збор е моќен, а тоа го забележале и многу луѓе кои го извртувале и го употребувале за сопствени цели. Меѓутоа, воопшто не е мудро овој Збор да се злоупотребува, бидејќи оној кој што ќе го изврти, со истиот тој Збор ќе биде казнет.
Големиот реформатор Мартин Лутер напишал: „Библијата е писмо кое Бог го напишал за мене, според кое треба да се управувам и според кое Бог ќе ми суди".
Библијата е напишана и затоа, за да не дојдеме пред Божјиот суд неподготвени. Бог сака да ги спаси сите луѓе од вечната смрт и од пеколот, бидејќи ги љуби. Зарем не сведочи за ова и самата Христова смрт на крстот? Тој те љуби и тебе токму додека ги читаш овие редови и сака да се помириш со Heгo преку посредништвото на Исус Христос. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, туку да има вечен живот " (Joван. 3:16).
Дали ја прифаќаш оваа љубов на небескиот Татко? За оние пак, кои што ќе ја отфрлат таа Божја љубов, нема да има милост за нив на Судот, макар и да живеат како најголеми светци.
“Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев.“ (ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 15:22)
“Обратете се кон Мене за да се спасите, сите краишта на земјата, зашто Јас Сум Бог и нема друг“ (Исаија. 45:22)







0 comments to Библијата е огледало на луѓето