Веб сајт креатор
Едно време наставникот ги прашал своите ученици:
„Зошто луѓето викаат кога се лути ?“
Учениците размислувале некое време:
„Затоа што ја губиме трпеливоста – затоа викаме“, рекол еден
Но, зошто би викал кога некој е до вас?” – прашал наставникот – „зар не е можно да се зборува тивко и полека ?“
Учениците дале уште неколку одговори, но никој не го задоволил наставникот.
Конечно, тој објаснил :
„Кога двајца се во кавга, тие се лути, нивните срца многу се оддалечуваат. Затоа тие мора да викаат еден на друг, додека нивниот крик го премостува растојанието за да можат да се слушнат. Колку повеќе се лути , толку погласно треба да викаат, бидејќи растојанието меѓу нив е се поголемо .
Потоа наставникот прашал :
„Што се случува кога двајца ќе се заљубат ? Тие не викаат еден на друг, зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу блиски, растојанието меѓу нив е многу мало.
А што се случува кога двајца уште повеќе ќе се заљубуат? Тие не зборуваат. Само шепотат и уште повеќе се зближуваат…. Конечно, не треба повеќе и да шепотат. Тие само се гледаат и тоа е сè. Такви се две личности кои се сакаат еден со друг. “
Потоа рекол:
„Кога се расправате, не дозволувајте вашите срца да се одалечат. Не кажувајте зборови што понатаму може уште повеќе да ве одалечат. Бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде толку голема што нема да го најдете патот по кој да се вратите !!!!







0 comments to Зошто викаме ?