Ти пеам љубовна песна
Во шепотот на тишината,
во светлоста на ноќта,
со зборовите на безгласноста,
со мелодијата на безвучноста,
ти пеам љубовна песна.
Првпат кога го слушнав Твојот Збор
во воздишка затреперив,
топол бран ме обли,
пред тебе ме покори.
Првпат кога се сретнав со Тебе,
со добрина ме освои мене,
Те засакав,
зашто Ти прв ме засака.
Те љубам безгранично,
со ова ограничено срце,
копнема по Tвоето
бесприсутно присуство
со целото мое битие.
Те гледам во сонцето и ѕвездите,
Те гледам во реките и водопадите,
Те гледам во цветот и пеперутките,
Те гледам во дрвјата и птиците,
Те гледам во бубачките и мравките.
Твојата убавина и блескот
се посјајни од злато,
Твојата добрина и љубов
се подлабоки од морето!
Твојата сила и големина
не можат да се споредат,
Твоето богатство и моќ
не можат да се измерат...
Во шепотот на тишината,
во светлоста на ноќта,
своето срце го отворам
мојот глас кон Тебе го подигам,
в земја Небесна
со Тебе, Боже да бидам!
Е.З.А.






0 comments to Од ограниченото срце, полно со неограничена љубов...