Matej25:41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!
42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам,
43 бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.’
44 Тогаш тие ќе одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?’
45 Тогаш ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!’
Многу често знаеме да кажеме -Ништо не сум направил.Да се преиспитаме секој сам себеси колку од нас можат да бидат осудени според овие стихови од Библијата. Колкумина од нас можат да завршат во пекол зашто не прават ништо. Многу пати се преиспитуваме и каеме за она што сме направиле, да не бидеме осидени за она што не го правиме.
Нека Бог ни покаже што може да направиме на некој љубов да покажеме, на некој светот подобар да го направиме.






0 comments to