„Туку потсетувајте се секој ден... та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот“. Евр. 3:13.
Сите ние настојуваме да го оправдаме гревот, давајќи му попривлечни имиња. Изразите како: „Ова ми е слабост“, или „жалам, згрешив“, изгледа дека ја смируваат нашата совест и го прават гревот дозволен.
Еден проповедник проповедал голема проповед на тема за гревот. По службата еден човек од црковниот одбор го запрел насамо иго посоветувал. „Проповедниче“ – рекол тој – „Ние не би сакале да се зборува толку отворено за човечката вина и расипаност, бидејќи, ако нашите деца слушаат такви проповеди, можеби, полесно ќе станат грешници. Наречете го тоа грешка, ако сакате, но не зборувајте толку отворено за гревот“. Проповедникот зел едно шишенце од регалот зад својата работна маса, му го покажал на соговорникот и му рекол: „Го гледаш ли овој натпис? Овде пишува ’Стрихнин’, а под него со крупни црвени букви – ’отров’. Тоа што ми го советуваш е да ја сменам оваа етикета. Да претпоставиме дека ќе напишам ’мирис од пеперминт’. Некој, кој не ја знае опасноста, може да го употреби и да се отруе. Колку е попривлечна етикетата, толку е поопасен отровот!“
Сè додека навистина не поверуваме во тоа што се зборува во Библијата за гревот и неговите страшни последици, ние сме склони да го менуваме натписот. Да се нарекува гревот со други заобиколни имиња значи да се зголемува неговото смртоносно дејство врз нашите животи. Многу е важно да го распознаваме гревот и јасно да го етикетираме.
„Грешни сме, о, Боже наш, во грев сме и зачнати;
Адам кога погреши, в наследство грев остави,
Уште в зачнувањето, грев и смртта во нас се,
Ти си свет и Праведен, јас сум сосем безвреден“. (ХП–294)
„ГРЕВОТ ЌЕ ТЕ НАПРАВИ НАЈГОЛЕМ ИЗМАМНИК:
ЌЕ СЕ ИЗМАМИШ САМИОТ СЕБЕСИ!“







0 comments to НЕ МЕНУВАЈ ЈА ЕТИКЕТАТА!