8 Тогаш му дојде Господовото слово на Илија:
9 ”Стани, оди во Сидонска Сарепта и остани таму. Еве, таму и наредив на една вдовица да те храни.”
10 Тој стана и тргна во Сарепта. Кога стигна до градската врата, некоја вдовица собираше дрва таму; тој и се обрати и рече: „Донеси ми малку вода во врчвата, да пијам!”
11 Кога тргна да донесе, тој викна по неа и и рече: „Донеси ми и малку леб во раката!”
12 Таа одговори: „Живиот ми Господ, твојот Бог, јас немам печен леб, немам освен грст брашно во сад и малку масло во врчва. И еве собирам дрва, па ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за сина си, за да го поделиме и да умреме.”
13 Но Илија и рече: „Не бој се. Оди и направи како што рече; само замеси ми првин колаче, па ми го донеси; а тогаш зготви си за себе и за сина си.
14 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Нема да снема брашно во садот, ниту ќе се испразни врчвата со масло, сè додека Господ не пушти да падне дожд на земјата.’”
15 Таа отиде и направи како што и рече Илија; и имаа јадење за многу денови, таа, тој и нејзиниот син.
16 Брашното од садот не се потроши и во врчвата не снема масло, според словото што Господ го рече преку својот слуга Илија.
„И таа отиде и направи како што рече Илија и... брашното од садот не се потроши и не снема масло во грнето... “ 1 Цар. 17:15, 16.
На еден надгробен камен, на некои запуштени гробишта, имало натпис: „Таа го направи тоа што можеше“. Не знаеме дали жената која била закопана таму била христијанка, која, иако со ограничени сили што ги имала, служела и правела дела на љубов по кои била запомната, но токму ваква особина би била добра за една спасена душа.
Вакво скромно признание може, исто така, да се примени на вдовицата од Сарепта. Таа едвај имала за себе, кога пророкот Илија ì рекол да му донесе храна. Бог ì оддал признание на нејзината несебичност, така што ниту садот за брашно се испразнил, ниту грнето со масло се потрошило.
На истиот начин Бог и нам ќе ни оддаде признание, кога ќе му веруваме и ќе направиме сè што можеме со средствата што ги имаме. Можеби мислиш дека твоите ограничени способности и дарби те прават наполно бесполезен? Тоа не е вистина! Бог се интересира за тоа што сме во состојба да го направиме. Можеби се плашиш од преземањето одговорност за некоја служба што не ќе можеш да ја вршиш? Не грижи се! Бог нема да бара да правиш нешто пред да те оспособи претходно за вршење на таа служба.
Ако доаѓаш во искушение да не работиш ништо, бидејќи си обесхрабрен поради своите ограничени способности, или се плашиш дека ќе треба да правиш нешто што ги надминува твоите сили, спомни си за вдовицата од Сарепта. Таа го направи тоа што можеше. И ти денес верувај во Бог и направи го тоа што можеш!
„Сакам за Исус да бидам
јас еден сончев зрак,
секој ден силно да блескам,
да бидам светло в мрак!“ (ХП–191)
„НАШАТА ГОТОВНОСТ Е НАЈГОЛЕМАТА СПОСОБНОСТ ВО ВРШЕЊЕТО НА БОЖЈАТА СЛУЖБА“.







0 comments to ГО НАПРАВИ ТОА ШТО МОЖЕШЕ