Веб сајт креатор
„Колку се слатки Твоите зборови за мојата уста; послатки се и од медот!“ Псалм 119:103
Срцата нè болат кога ќе слушнеме дека постојат милиони луѓе кои гладуваат, а не сме во состојба да им помогнеме. Бидејќи живееме во средина каде гладот е речиси непознат, тешко е да се замисли дека дел од човештвото умира од глад. При гладувањето нивното тело слабее, умот им се заматува, па и желбата за нешто да се стави в уста исчезнува. Всушност, луѓето кои гладуваат стигнуваат до одредена точка, кога не можат дури ни да поднесат храна во близина!
Слично е и со духовниот глад. Ако редовно сме се хранеле со Божјиот Збор, нормално е да чувствуваме „глад“, ако за извесно време сме престанале да се храниме. Но, ако продолжиме да „постиме“, можеме и да ја загубиме желбата за Божјиот Збор. Ќе треба да се прашаме: „Колку време поминувам во читање и во медитирање врз Божјиот Збор? Дали Библијата ми недостасува кога ќе ја запоставам? Дали и ние како псалмистот можеме да кажеме: колку се слатки Твоите зборови за мојата уста!“ Еден Божји слуга рекол: „Ако откриеш дека некое задоволство ти е поважно од молитвата, или некоја личност помила од Исус, или некоја желба посилна од копнежот за небото – веднаш преземи нешто! Ако си го загубил апетитот за „лебот на животот“, барај од Бог да ти го поврати. А пред сè, не дозволувај да гладуваш покрај полна трпеза!
„Запеј ми ги зборовите,
зборовите на живот;
колку ми се милозвучни,
чудесни зборови!“ (ХП–268)
„РЕДОВНОТО ЧИТАЊЕ НА БИБЛИЈАТА
Е ЗНАК НА ДОБРО НАХРАНЕТА ДУША!“






0 comments to ДУХОВНА ГЛАД!