Да љубиш е како да запалиш оган. Ако се потрудиш малку повеќе, огнот може да гори и доста долго; ако имаш доволно (многу) дрвца, ако правилно ги поставиш, ако има доволно воздух, но не и премногу, ако внимаваш некој да не го згасне огнот...
Да навистина е потребно време и вложување труд за да запалиш доволно силен оган за да гори долго, но пред се зависи и од тебе – дали навистина сакаш долго да ти гори огнот. Така е и во љубовта: потребни се многу дрвца: доверба, искреност, послушност еден кон друг, почит, трпеливост, кроткост, љубезност, несебичност, нежност, праведност, невообразеност... треба правилно да ги поставиш тие дрвца – правилно да ја искажеш таа љубов преку тие “дрвца” . Потребно е доволно воздух, но не премногу - време и страст; и потребно е внимание и грижа некој да не го згасне огнот – зашто за жал постојат и љуѓе кои би се обиделе да го згаснат огнот, да уништат некоја љубов, зашто самите не умејат да љубат или не се љубени...
Слична е и љубовта кон Бог и таа е оган во која се потребни доволно дрвца: молитва, читање на Библија, одење во црква, понизност кон Бог, послушност, вера, доверба, служење...
Потребно е правилно да се постават дрвцата за да гори доволно силно и доволно долго огнот: моли се – секогаш, читај ја Библијата – секој ден, оди во црква – секогаш кога организира служба твојата црква, биди понизен – секогаш, биди послушен –секогаш, верувај му на Бог- секогаш, имај доверба – секогаш, служи – секогаш...
Потребно ни е воздух кој ќе го овозможи, потикне и одржи горењето – Духот Свети кој го прави токму тоа – ја овозможува, потикнува и одржува нашата љубов кон Бог.
Треба да внимаваме некој да не го изгасне и овој оган, зашто имаме толку многу многу непријатели кои би сакале да згасн е нашата љубов кон Бог – почнувајќи од најголемиот – сатаната, па се до нашите родители, сопружници, деца, пријатели ... кои не ја познаваат и разбираат оваа љубов.
Сакате да запалите силен оган кој долго ќе гори? Од вас зависи колку ќе биде силен и колку долго ќе гори!
37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!”
38 Тоа е најголемата и прва заповед;
39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!” Матеј 22 :37-39
E.Z.A.






0 comments to Филозофија на огнот