„Секое срце си ја знае маката на својата душа“. Изреки Соломонови 14:10.
Во средината на минатиот век, еден човек дошоп во Фиренца кај еден од тамошните лекари. Човекот од грижи не можел да спие. Немал ни апетит за јадење и се обидувал да ги избегнува пријателите. Откако лекарот го прегледал, на крајот заклучил дека на пациентот му е потребна забава, па му предложил да отиде во циркус. Во тој град бил поставен познат цуркус со уште попознат комичар по име Грималди. Тој секоја вечер умеел да ги насмее посетителите до солзи. – „Мораш да отидеш и да го видиш“ – рекол лекарот. – „Грималди е најсмешниот и најзабавниот кловн. Ќе успее и тебе да те насмее и да те излекува од твојата тага“.– „Не – одговорил пациентот – мене не може да ми помогне. Знаеш, јас сум тој Грималди!“
Многумина се како овој кловн – својата слабост ја прикриваат со надворешно маскирање. Псалмистот за нив вели дека, иако се богати и славни, им недостасува духовно разбирање и ќе завршат како животните.
Ова често го гледаме и денес. Луѓето само се преправаат дека се нешто. На пример, пред камерите, зад катедрите, или облечени во најубави облеки, тие се слика на моќта. Да не се залажуваме, сите сме од крв и месо и без милоста и силата Божја ние сме само беспомошни бедници.
Дали ја имаши покажуваш Божјата сила, или, пак, носиш некаква маска, која ја прикрива твојата слабост?

0 comments to МАСКИРАНИ!