КРОТОК ОДГОВОР

Posted by Daughter On Sunday, May 16, 2010 0 comments
Изреки Соломонови 15:17
1 Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот.

2 Јазикот на мудрите луѓе го прославува знаењето, а устата на безумните истурува глупост.

3 Господовите очи се на секое место и ги набљудуваат и лошите и добрите.

4 Благиот јазик е дрво на животот, а пакосниот е рана за духот.

5 Безумниот ја презира поуката на својот татко, а кој прима укор, е благоразумен.

6 Во праведниковиот дом има големо изобилство, а нечесниот ја печали својата пропаст.

7 Усните на мудрите сеат знаење, а срцето на безумникот е непостојано.


КРОТОК ОДГОВОР

„Кроткиот одговор го ублажува гневот, а остриот збор ја зголемува лутината“. Изреки Солом. 15:1.

Грубиот и непромислен говор не му прилега на хрис­ти­ја­ни­нот. Нашиот говор мора да ја покажува нежноста на Светиот Дух, Кој нè исполнува: Острите зборови се како стрели кои се пуш­те­ни и не можат да се вратат. Нежните зборови, пак, можат да го за­молк­нат злото и да донесат добро.

Една случка што му се случила на еден познат проповедник, доб­ро го покажува тоа. Група пијани луѓе го забележале Божјиот слу­га на улица. „Ќе се пошегувам со стариот јарец“ – рекол едни­от од нив. Пијаниот му пристапил на проповедникот и му шеп­нал: „Ти си стара будала!“ Проповедникот мирно му одговорил: „Имаш право, навистина сум таков. Нека Господ ме вразуми и ме­не и тебе до тој степен за да се спасиме“. Насилникот се вратил кај своите другари засрамен. Нежниот одговор го замолкнал.

Било да се работи за критика од пријател, или роднина, ос­тар збор на другарите, или прашање што ни го поставува мало де­те, во сите случаи треба нежно да одговориме, со Христов дух. Во книгата на Проповедникотпишува: „Јазикот на праведникот е од­брано сребро“ (10:20). Колкава непоправлива штета правиме ко­га од устите ни излегуваат избрзани, остри зборови. Колкави ра­ни можеме да направиме, ако зборовите ни се остри како нож.

Давид во молитвата се изразил на следниот начин: „Постави ми Господе стража на устата и чувај ја вратата на моите усни“ (Псалм 141:3): Ова треба да е и наша молба секој ден.

„Гневни зборови да нема,

ниту глас со лутина;

братска љубов да ве полни,

од вас зло да очисти“. (ХП123)

„ОСТРИТЕ ЗБОРОВИ ПАЃААТ ЛЕСНО,

НО ИМААТ ГОЛЕМА ТЕЖИНА!“


0 comments to КРОТОК ОДГОВОР

Post a Comment

JESUS IS LORD Pictures, Images and Photos
Jesus Pictures, Images and Photos
Матеј: 11:28 ”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.
Deb Pictures, Images and Photos