Веб сајт креатор
Филип. 4:10–20 10 Се зарадував многу во Господа, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Вие и инаку се грижевте, но немавте прилика.
11 Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум.
12 Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сè и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност.
13 Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
14 Туку добро направивте, што зедовте учество во моите неволји.
15 А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давање и примање, освен единствено вие.
16 Вие ми испративте во Солун, еднаш и двапати, за моја потреба.
17 Не како да барам подарок, туку го барам плодот што се умножува на ваша сметка.
18 Примив сè и имам сè во изобилство. Полн сум откако примив од Епафродит што ми испративте - благопријатен мирис, жртва пријатна благоугодна на Бога.
19 А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Христа Исуса.
20 А на нашиот Бог, и Татко, слава во сите векови Амин!
„Бидејќи ништо не сме донеле на овој свет, според тоа не можеме ништо ни да однесеме“. 1 Тим. 6:7.
Две солзи си пливале по животната река и кога се сретнале, едната солза ја прашала другата: „Која си ти? – „Јас сум солзата што ја испушти една девојка која го изгуби човекот кој го љубеше“ – рекла втората солза и прашала „А која си ти?“ – „Јас сум солзата на другата девојка која подоцна се омажи со тој човек“– рекла првата.
Овде се крие голема вистина. Плачеме поради тоа што го губиме и поради тоа што го добиваме. Затоа се поставува прашањето: Што е тоа што дава задоволство и исполнување во животот?
Без оглед на конкретните услови, всушност нас нè мачи тоа што го посакуваме тоа, што го немаме. Можеби, тоа е брак, или пак, развод на брак. Можеби, тоа се пари, ново возило, поголем стан, подобро платена работа, некое задоволство, власт, слава, или копнееме да се ослободиме од некоја мака. Во една народна поговорка се вели: „Едни плачат за деца, други плачат од деца!“
Денешниов текст нè потсетува дека на светов сме дошле без ништо, и дека го напуштаме без ништо. Покрај тоа, што и да сме добиле со лична иницијатива, на пример талент или среќен сплет на околности, сето тоа може да ни биде одземено за миг. Според тоа, не е многу мудро да сметаме за свое што било со кое располагаме. Напротив, да сметаме само дека му припаѓаме на Исус, кој нè признава за свои, а секоја привремена благосостојба да ја сметаме како милост, а не како плата, што сме ја заслужиле или право кое сме го заработиле.
„Среќен сум само со колиба мала
во која зрачи топол сончев сјај;
Да има радост, задоволство и мир
да бидам среќен со Исус јас!“ (ХП–259)
„Ако не си задоволен со тоа што го имаш,
не ќе бидеш задоволен ни со тоа што го посакуваш!“







0 comments to ПОЧНИ ОД НЕШТО!